Volkswagen исплаќа премија од 5.900 евра на своите вработени

31

vw

Германскиот производител на автомобили Volkswagen на своите 115.000 вработени ќе им исплати премија од по 5.900 евра, поради успешниот финансиски резултат постигнат минатата година, пишува германски Шпигел.

Овогодишната премија е помала во однос на таа што беше исплатена во 2011 година, кога беше на ниво од 7.500 евра, додека во 2012 година беше 300 евра помалку. Иако премијата е помала, таа во константен износ е 700 милиони евра, земајќи во предвид дека во компанијата имаше 5.500 нови вработувања.

Volkswagen во 2014 година оствари рекорден оперативен профит од 12,7 милијарди евра, што е раст од 8,8% во однос на претходната година. Најпрофитабилна марка на концернот е Audi, чиј оперативен профит е 5,1 милијарди евра, потоа следи Porsche и Volkswagen каде што на годишно ниво има влошување на резултатите од 14,4%.