Volkswagen ја загуби првата позиција во Европа

122

Продажбата на автомобили во Европа падна за 29 отсто во октомври во однос на истиот месец минатата година, бидејќи кризата со чипови ја намали понудата на нови возила.

Регистрациите во Европската унија, Велика Британија и земјите од Европската асоцијација за слободна трговија се на ниво од 798.693 возила, се наведува во извештајот на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Падот на испораките на Volkswagen Group од 42 отсто во октомври значеше дека Stellantis (Peugeot, Fiat, Opel, Citroen…) ја престигна како најпродаван европски производител на автомобили. Stellantis продаде 165.866 автомобили минатиот месец, во споредба со 165.309 автомобили на Volkswagen Group.

Групацијата VW неколку пати го прекина производството оваа година во својата главна фабрика во Волфсбург, Германија, поради недостаток на полупроводници, пренесува магазинот HAK.

Групацијата VW, како и другите производители на автомобили, предност им даваат на своите најпрофитабилни марки и автомобили во производството, односнокај нив одат чиповите. Брендот Porsche Group ја зголеми продажбата за 13 отсто во октомври.