Volkswagen ќе соработува со Siemens за поврзување на сите погони во “облак“

60

Фото: Pixabay

Германскиот производител на автомобили, Volkswagen го избра Siemens како партнер што ќе помогне да се поврзат сите 122 погони во “облак“, пишува Reuters.

Причината поради тоа е обид на германската компанија да ја зголеми ефикасноста во производството.

“Siemens ќе ја има клучната улога во поврзување на целокупната машинерија и опрема од 122-те постројки на Volkswagen се поврзани во ефикасна мрежа во облак“, велат од двете компании.

Претходно, Volkswagen најави соработка со Amazon за поврзување и интегрирање на податоци од постројки, машини и системи, поради подобрување и стандардизирање на системот за производство.