Volkswagen најави ново поскапување на своите автомобили

80

По поскапувањето на 1 март 2021 година и уште едно на 1 септември 2021 година, патничките автомобили на Volkswagen повторно ќе поскапат на 10 јануари 2022 година.
Volkswagen ја испрати оваа информација до своите дилери, а Audi, исто така, ќе ги зголеми цените. Засега не се знае колкаво ќе биде поскапувањето.

Причина за поскапувањето на автомобилите е поскапувањето на суровините и енергенсите.
Цените на речиси сите суровини се зголемени, од алуминиум до материјали што се користат за производство на батерии во електрични возила.

Исто така, поскапеа гасот и нафтата – барем засега.

Овој потег на Volkswagen сигурно ќе го следат и други производители на автомобили.