Volkswagen очекува недостигот на чипови да продолжи и во 2023 година

78

Германскиот производител на автомобили, компанијата Фолксваген, за жал не гледа крај на кризата во синџирот на снабдување со микропроцесори, барем не кога се зборува за бизнис перспективите за 2023 година.
Следствено, VW се подготвува за она што би можело да се опише како „нова нормала“, што вклучува прекинати синџири за снабдување со компоненти.

Мурат Аксел, шеф на одделот за набавки на Фолксваген, зборуваше за тоа за германскиот деловен неделник Automobilwoche, кој е особено заинтересиран за настаните во автомобилската индустрија.

„Веќе вложивме значителни суми пари за да го надминеме овој проблем, но стратешкиот проблем со набавката на полупроводници ќе остане актуелен и во текот на годината што претстои“, рече Аксел пред новинарите на овој неделник, додавајќи дека проблемот е „од стратешка, структурна природа“ и дека не може да се надмине толку брзо“.

Од друга страна, проблемот што настана како директна последица од рускиот напад врз Украина веќе не е присутен. Станува збор за недостиг на компоненти од системот за електрична инсталација на возилото кој досега е надминат.

„Новата геополитичка реалност и прашања укажуваат дека ситуацијата ќе станува сè посложена и ќе ни донесе повеќе предизвици во иднина“, додаде Аксел.