Volkswagen (повторно) го запре производството на електрични модели

64

Она што требаше да биде само кратка непријатна епизода сега станува постојана агонија на која не му се гледа крајот. Имено, откако Volkswagen го суспендираше производството на електрични модели на две недели, многумина помислија дека тоа навистина е привремена мерка. Меѓутоа, сега таа мерка продолжува и дополнително се проширува и на другите модели.

На тој начин Volkswagen е принуден уште еднаш да го прекине производството на моделите ID.3 и Cupra Born, а суспензијата сега се шири и на другите модели на концернот. Списокот е се подолг, а сега ги вклучува ID.4, ID.5, Audi Q4 e-tron и Q4 Sportback.

Volkswagen не открива колку примероци од моделите ID.3 и Born ќе бидат прекинати во фабриката во Цвикау, но не пропушта да нагласи дека овој потег обезбедува продуктивна работа и идната одржливост на фабриката, пишува Auto News Europe.

Да потсетиме, VW веќе на две недели го суспендираше производството на споменатите модели во фабриката со годишен производствен капацитет од 360.000 автомобили.

Лани произвеле 218.000 возила, па не чуди што не им ги продолжиле договорите на 269 работници. Сето ова е резултат на негативното влијание на тешките пазарни услови, намалената побарувачка за електрични возила и зголемената конкуренција од електричните автомобили од кинеско производство.