Volkswagen претстави летечко такси за кинескиот пазар

29

Летечко такси – патнички дрон V.MO ќе превезува четворица патници и багаж, на растојанија до 200 километри, објави Volkswagen (VW).

Проектот е за кинескиот пазар.

Воздушното такси, кое VW го нарече „Летечки тигар“, има осум ротори за полетување и уште два пропелери за хоризонтален лет.

Според шефот на VW Кина, Стефан Веленштајн, ова е производ прилагоден на клиентите во Кина, нивните „потреби за вертикална мобилност“ и афинитетот за модерни технологии.

За оваа година се планирани неколку пробни летови, за да се оптимизира концептот.

Тестовите за понапредно возење, со подобрен дрон, ќе бидат на крајот на летото следната година.