Volkswagen принуден да го прекине производството две недели

135

Германскиот автомобилски гигант Volkswagen објави дека целосно ќе го прекине производството во Волфсбург на две недели поради недостиг на полупроводници.
Volkswagen (VW) објави дека целосно ќе го запре производството на сите возила во матичниот град Волфсбург во периодот од 2 до 13 октомври, пренесува регионалниот јавен радиодифузер Norddeutscher Rundfunk. Околу 20.000 вработени ќе работат со скратено работно време. Исто така, производството ќе биде запрено 12 дена во фабриките во Емден, Хановер и Оснабрик.

Портпаролот на Volkswagen изјави дека ќе глобалниот недостиг од полупроводници, односно чипови достигна сосема нова и неочекувана димензија. Volkswagen првично планираше намалување на производството за три четвртини оваа недела.