Volkswagen се повлекува од Лондонската берза

23

A light board shows the course development of the shares of German car manufacturer Volkswagen AG on a trading terminal at the German stock exchange in FrankfurtГермански Volkswagen соопшти дека на 28 октомври ќе се повлече од Лондонската берза, поради нискиот обем на трговија со акции. Компанијата од берза ќе ги повлече обичните и привилегираните акции, а барањето за нивно симнување веќе е упатено до финансиските надзорни власти во германскиот град Волсбург, јавува Блумберг.

“Обемот на трговија со нашите акции е премногу низок за да се оправдаат административните напори што ги преземаме”, изјави портпаролот на компанијата, Марко Далан.

Пред неколку години, од истата причина се повлече и од берзата во Токио.

“Тоа е нормален процес”, вели Далан и додава дека VW котира на сите германски берзи, на најважната во Франкфурт, потоа во Базел, Женева и Цирих во Швајцарија, како и во Луксембург и Њујорк.

Volkswagen на Лондонската берза се листа од 1988 година.