Volkswagen се врати во 80-те

22

vw-1

Volkswagen лансираше нова реклама во која го користи познатиот хит на групата А-ха, Take on Me. Но, освен со музиката, видеото е и визуелно инспирирано од славниот спот на норвешката група, снимен во средината на 80-те. Спотот во режија на Дејвид Шејн е комбинација на стилови, анимирани секвенци и акција во живо, исто како оригиналното видео. Исто како оригиналот, филмот е ротоскопиран, односно снимани се реални актери и автомобили, а потоа се анимирани.