Volkswagen во 2020 година со добивка од 8,8 милијарди евра

37

Германскиот производител на автомобили Volkswagen минатата година оствари профит од 8,8 милијарди евра (10,7 милијарди долари).

Од компанијата соопштија дека за позитивното работење минатата година најмногу допринело опоравувањето на Кина, како и стабилната побарувачка за луксузни автомобили.

Заработката на Volkswagen минатата година беше за 37 % пониска отколку во 2019 година.