Фото: Pixabay
Германскиот автомобилски производител Volkswagen ќе гради фабрика во Србија, во која што ќе се произведуваат SUV (Sport utility vehicle) модели на Seat и Skoda, дознава Новости.
Станува збор за моделите Skoda Karoq и Seat Ateca, коишто досега се произведуваа во Чешка. Сега во таа фабрика ќе биде префрлено производството на Volkswagen Passat.
Управата на германската групација во следните денови, како што се наведува, треба да го потврди планот во Србија да инвестира 1,4 милијарди евра, а првите модели на автомобили би требало да бидат готови во 2023 година. Планирано е во оваа фабрика да бидат ангажирани околу 5.000 работници, од кои 650 инженери, а извозот се проектира на 4,5 милијарди евра годишно. Капацитетот на фабриката би бил 300.000 возила годишно
Според пишувањата, откако германскиот производител на автомобили најави дека планира ширење во источна Европа, започнаа шпекулациите околу можните локации. Во игра биле повеќе земји, меѓу кои: Бугарија, Романија, Турција, Србија и Македонија.