
Американскиот трговец на мало „Волмарт“ повлече дел од своите производи од ракчиња во Соединетите Американски Држави откако беше откриен радиоактивен материјал во пратка со морска храна.
Американската администрација за храна и лекови (ФДА) ја предупреди јавноста да не јаде замрзнати ракчиња што се продаваат под етикетата „Great Value“ на „Волмарт“, бидејќи може да бидат изложени на опасен изотоп што се наоѓа во контејнерите за превоз, објави Би-Би-Си.
ФДА соопшти дека еден примерок од панираните ракчиња бил позитивен на опасната супстанца, но забележа дека овој „позитивен примерок не влегол во американската трговија“.











