Волтон на врвот на листата на најбогати семејства во светот

118

Богатството на семејството Волтон, произлезено од основачот на американскиот трговец на мало Волмарт – Сем Волтон, се проценува на повеќе од 230 милијарди долари. Ова го покажуваат податоците од рангирањето на најбогатите семејства направено од Блумберг.

Тоа е речиси исто колку и двајцата најбогати луѓе – извршниот директор на Тесла, Илон Маск и основачот на Амазон, Џеф Безос.

Блумберг го проценува нивното лично богатство на 205 милијарди и 200 милијарди долари, соодветно.

Топ 5 најбогати семејства според Блумберг:

* Семејството Волтон (поседува 48% од синџирот Волмарт) – 238,2 милијарди долари, три генерации;

* Семејство Марс (компанија за кондиторски производи и храна) – 141,9 милијарди долари, пет генерации;

* Семејство Кох (индустриски холдинг) – 124,4 милијарди долари, три генерации;

* Семејството Хермес (модна куќа) – 111,6 милијарди долари, шест генерации;

* Династијата Ал Сауд, која владее со Саудиска Арабија – 100 милијарди долари, три генерации.