Volvo Cars ја затвора својата канцеларија во Стокхолм, што влијае на околу 450 вработени

Шведската компанија Volvo Cars  објави дека ќе ја затвори својата канцеларија во Стокхолм на 1 март 2027 година, одлука што ќе влијае на околу 450 вработени.

Kомпанијата одлучила да ги консолидира своите капацитети во Шведска на помал број локации и да ги префрли повеќето активности од канцеларијата во Стокхолм во седиштето на компанијата во Гетеборг.

Компанијата наведува дека целта на одлуката е да се создаде поедноставна и поефикасна организација, да се намали сложеноста на работењето и побрза соработка помеѓу различните тимови.