Volvo Cars отпушта 3.000 работници

Шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ во понеделник објави дека планира да отпушти околу 3.000 административни работни места за да ги намали трошоците, бидејќи го префрла фокусот од целосно електрични возила на плаг-ин хибридни возила.
На глобално ниво, ќе бидат укинати вкупно 3.000 работни места, според компанијата со седиште во Гетеборг, која е контролирана од кинеската групација Geely. Бројката одговара на приближно 15 проценти од канцелариските работни места на Volvo Cars. Повеќето од нив се наоѓаат во Шведска.

При објавувањето на разговорите со синдикатите, извршниот директор Хакан Самуелсон рече дека тие морале да донесат тешки одлуки. „Автомобилската индустрија поминува низ тешка фаза.“ „За да се надмине ова, трошоците мора структурно да се намалат“, рече Самуелсон.

Менаџментот најави затворање на работни места веќе на крајот на април, кога ги објави деловните резултати во првиот квартал. Дополнителни 18 милијарди шведски круни (нешто помалку од 1,9 милијарди долари) се планира да се заштедат преку други мерки.

Специјални трошоци од околу 1,5 милијарди круни ќе бидат резервирани во вториот квартал, рекоа тие. Волво многу рано се фокусираше на производство на целосно електрични возила, а во последниве години трпеше последици од високите цени на материјалите за батерии. Менаџментот забележува дека во иднина имаат намера да го префрлат фокусот на plug-in хибридите. Веќе во првиот квартал, уделот на целосно електрични автомобили беше намален на 19 проценти, од 21 процент во истиот период минатата година.