![volvo](https://biznisinfo.mk/wp-content/uploads/2021/09/volvo-696x696.jpg)
Volvo е уште една во низата автомобилски компании кои одлучија да го модернизираат и прилагодат своето лого на новото време и трендот на електрификација и дигитализација што ја зафати автомобилската индустрија.
Логото на препознатливиот бренд сега е поедноставено, вратено од 3Д на 2Д приказ, а доминираат црни тонови наместо сини и сребрени.
Volvo не прецизира кога новото лого ќе почне да се применува на моделите на производителот, а некои автомобилски медиуми тврдат дека тоа нема да се случи до 2023 година.
Volvo го користи своето лого Iron Mark од 1930 година, иако оттогаш амблемот претрпе голем број промени.