Volvo најави спортски автомобил

67

Шведскиот производител на автомобили  би можел да понуди многу возбудлив спортски автомобил во иднина.
Во изјавата за Carr Sales, главниот оперативен директор на Volvo, Бјорн Анвол, рече дека е важно брендот да има водечки модел и изгледа отворено за идејата за спортски автомобил.

– На секоја автомобилска марка му треба малку зачин што ќе помогне да се поместат границите на тоа што всушност е автомобил, а мислам дека и Volvo треба да има таков модел – изјави Анвол.

Иако тој не сакаше да потврди дали Volvo веќе работи на нов автомобил со две врати, тој ја призна привлечноста на таквите модели. На крајот, сепак, тие мора да имаат деловна смисла, пишува Јутарњи.хр.