Волво нема веќе да произведува камиони во Турција

78

kamyon_renault_trucks_1Турскиот производител на автомобили Карсан изјави дека по шест години ќе престане да произведува камиони за Рено, откако ќе истече договорот во ноември. Волво, кој е сопственик на Рено Камиони (Renault Trucks), објави дека го прекинува договорот за производство во Турција и дека новата палета на Рено камиони ќе се произведува во Франција. Од Волво велат дека прекинувањето на договорот ќе има негативно влијание врз оперативните приходи на групата во третиот квартал на 2013 година. Но, компанијата изјави дека со овој потег “ќе генерираат позитивен долгорочен ефект на подобро искористување на постоечките погони за производство на камиони, во согласност со стратегијата за подобрување на индустриските ефикасност и конкурентност”, јавуваат турските медиуми.

Во 2007 година, единицата Рено Камиони на Волво и турското претпријатие Карсан се согласија да соработуваат на производство на камиони за пазарите во Турција и во соседните земји. Во фабриката во Бурса се произведуваа моделите Renault Premium Route, Premium Lander и Renault Kerax. Фабриката на Карсан е со капацитет за производство на 5.000 камиони годишно.