Volvo отпушта персонал во Русија, но не заминува

22

Производителот на камиони AB Volvo почна да отпушта дел од својот руски персонал и да ги намалува операциите.Сепак, не е донесена одлука целосно да ја напушти Русија, објави Ројтерс.

Во февруари шведската компанија ја прекина продажбата, сервисирањето и производството во Русија, што минатата година изнесуваше околу три отсто од нето-продажбата.
„Во сегашната ситуација, не сме во можност да вршиме операции во Русија“, изјави за Ројтерс портпаролот на шведската компанија.

Затоа, како што нагласуваат од „Волво“, донеле одлука да се прилагодат на намалувањето на операциите во Русија и да почнат да го намалуваат бројот на персоналот.

„Локалниот менаџмент во моментов проценува колку вработени ќе бидат засегнати од оваа одлука“, додаде портпаролот.

Производствената локација на Volvo се наоѓа во Калуга, во близина на Москва и ќе продолжи да работи со намалено темпо.

Фабриката вработува 600 луѓе и може да произведува 15.000 возила годишно.