Фото: Facebook
Шведскиот производител на автомобили Volvo објави дека до 2019 година целосно ќе го згасне производството на автомобили на фосилни горива, а новите модели ќе работат на електричен или хибриден погон, пишува Guardian.
“Најавата означува крај на ерата на автомобили коишто користат мотори со внатрешно согорување“, вели извршниот директор на Volvo, Хакан Семуелсон.
Во периодот од 2019 до 2021 година, шведската компанија чијшто сопственик е кинески Geely на пазарот ќе претстави пет модели на електрични автомобили.