Volvo создаде невидлива боја што ноќе ги осветлува велосипедистите

18

volvo

Безбедноста е голем дел од брендот Volvo. Затоа овој произведувач на автомобили, со помош на агенцијата Grey London и шведскиот старт-ап Albedo100 развија концепт за поголема безбедност на велосипедистите и останатите кои ноќе се движат по патиштата. Спрејот LifePaint е невидлив преку ден, а ноќе свети. LifePaint всушност не е боја, туку транспарентен спреј што не влијае врз бојата и површината на материјалите. Може да се нанесе скоро на сè и трае една недела од нанесувањето.