Волво воведува детектор на велосипедисти

57

volvo 1Шведскиот произведувач на автомобили Волво најави посебен уред на своите возила кој ќе ги детектира велосипедистите, со што ќе се спречат тешки сообраќајни несреќи. Новиот уред ќе може да детектира опасност и кога велосипедист ненадејно ќе сврти во траекторијата на движење на автомобилот. Во случај кога ќе се детектира опасност од судар, ќе се огласи аларм кој ќе ги активира кочниците на автомобилот.

“Ако велосипедист кој се движи во ист правец со автомобилот ненадејно сврти пред возилото кое му се приближува и судирот е неизбежен, се активира моментно предупредување и се применува целосно кочење”, велат од Волво.

Сепак, од компанијата наведуваат дека поради овој технички уред возачите не треба да бидат помалку внимателни.

Новиот систем на саемот за автомобили во Женева го претстави потпретседателот на компанијата, Даг Спек, кој на сцената излезе возејќи велосипед. Овој систем е подобрена верзија на системот за детектирање на пешаци, кој беше претставен во 2010 година. Како и претходниот, и овој систем користи радар во предниот дел од автомобилот, на таблата, и камера која се наоѓа меѓу предното стакло и ретровизорот. Новиот систем користи помоќен процесор и изменет, подобрен софтвер.

volvo 2

volvo 3