Ворен Бафет донираше 2,6 милијарди долари во хуманитарни цели

62

Warren Buffett, chairman of Berkshire Hathaway, Business Wire's parent company, speaking,  Wednesday Feb. 6, 2008 in Toronto, Ontario, Canada, to members of the investor relations and corporate communications community invited by Business Wire to mark the opening of their expansion into Canada. Photographer: Norm Betts/Bloomberg NewsДарежливиот милијардер Ворен Бафет, познат како пророкот од Омаха, донираше 2,6 милијарди долари, во акции, на пет хуманитарни организации. Донацијата е дел од неговиот план да даде колку што може од своето огромно богатство пред неговата смрт, на оние на кои тоа им е најпотребно.

Еден дел од неговата фондација, односно околу 2 милијарди, отидоа во филантропската организација The Gates Foundation фондација на ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс.

Бафет исто така донираше добар дел од својата сума во неговата сопствена фондација, како и во хуманитарните организации на неговите три деца.

Милјардерот е третиот најбогат човек во светот според Forbes и еден од најголемите филантропи на Земјата.

130708134217-warren-buffett-donation-gates-foundation-620xa

Тој заедно со Бил Гејтс во 2010 година ја основаа организацијата The Giving Pledge, која што ги охрабрува сите оние кои живеат во светот на лускузот да донираат барем половина од своето богатство додека се живи или по нивната смрт.