Ворен Бафет побогат од Безос, се заканува да го престигне и Бил Гејтс

147

Познатиот американски инвеститор Ворен Бафет на крајот од 2022 година го престигна Џеф Безос на листата на богати луѓе.

Познатиот инвеститор и извршен директор на Беркшир Хатавеј имаше проценета вредност од 108 милијарди долари на затворањето на тргувањето во четвртокот, според индексот на милијардери на Блумберг. Безос, основачот и извршен директор на Amazon, следеше со богатство од 107 милијарди долари.

Бафет го престигна Џеф Безос на листата на најбогати луѓе, а сега се заканува дека ќе го симне од тронот Бил Гејтс.

Бафет подарил околу 52 отсто од акциите на Беркшир од 2006 година. Со сите останати донации, доколку го зачуваше својот целосен удел од речиси 475.000 акции од класа А, тие денес би вределе 223 милијарди долари, што би го направиле најбогат човек.

Конгломератот на Бафет поседува мноштво бизниси, вклучувајќи ги Geico и See’s Candies, како и акции во вредност од милијарди долари во јавните компании како Кока-Кола и Крафт Хајнц. Затоа, инвеститорите го гледаат неговото портфолио како многу добро позиционирано и дисперзирано за да издржи секаква сериозна економска криза.