Ворен Бафет пред најголемата аквизиција досега

48

voren bafet

Конгломератот Berkshire Hathaway Inc. на еден од најбогатите луѓе во светот, Ворен Бафет, е близу до склучување на договор за купување на компанијата Precision Castparts за околу 37 милијарди долари, пишува Fortune.

Бафет е познат по тоа што сака да инвестира во силни и развиени брендови, а тоа го покажува неговиот удел во Coca – Cola и America Express. Но, кога станува збор за аквизициите, неговиот конгломерат се фокусира на помалку звучни имиња на индустриски компании.

Се очекува двете компании да го потврдат договореното следната недела.

Precision Castparts е компанија основана во 1949 година, а се занимава со производство на компоненти, како што се турбини за авионски мотори на Airbus и Boeing, како и опрема за енергетски централи и за нафтената индустрија.