Со цел да се избегнат евентуални измами, возачите на испораките на Amazon Flex, ќе го верификуваат својот идентитет со селфи фотографија и технологија за препознавање на цртите од лицето.
Amazon Flex, којшто е дел од американскиот гигант за трговија, овозможува на договорени работници сами да разнесуваат пратки со сопствените автомобили, пишува Mashable.
Според Amazon, овој потег е наменет за спречување на измами и претставува начин да се дознае дали испораката ја вршат авторизирани вработени во компанијата.
Тие ќе треба да се идентификуваат пред клиентите и останатиот персонал од Amazon Flex во базната станица.
Овие возачи, освен што користат сопствени возила, сами си поставуваат распоред за испорака на пратките, па токму затоа е потребна дополнителна идентификација за да може Amazon подобро да ги следи своите вработени.
Фото: Pixabay