Воздухопловни организации од ЈИЕ потпишаа писмо за заедничка соработка

48

shto-se-zaboravaat-lugjeto-vo-avion-125332Десет воздухопловни организации од Југоисточна Европа, вчера во Сараево потпишаа писмо со намери за заедничко давање услуги на земјите од регионот, под покровителство на Советот за регионална соработка.

Според соопштението на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), иницијативата има за цел да ја зајакне соработката во воздушниот транспорт, преку обезбедување сигурни и ефикасни услуги во воздухопловната навигација.

Потписници на документот се шефовите на воздухопловните власти на Република Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Србија и Унгарија.

Писмото со намери, во име на македонските воздухопловни власти, го потпишаа директорот на АЦВ, Дејан Мојсоски и претседателот на Управниот одбор на М-НАВ Живко Поповски.

Шефовите на воздухопловните власти преку оваа иницијатива за заедничка соработка на земјите од ЈИЕ, очекуваат конечно да се отстранат бариерите за отворање на косовското небо.