Возење со хеликоптер – решение за сообраќајниот метеж во Кина

32

helikopter kina

Кинеската авиокомпанија Reignwood Star и најголемата тамошна платформа за повикување такси, започнаа проект што ќе треба да биде одговор на густиот сообраќаен метеж во Пекинг, пишува порталот South China Morning Post.

Над 10.000 лица аплицирале за превоз со помош на платформата Didi Kuaidi, но само 100 успеаја да го искусат возењето со хеликоптер.

“Ова беше тридневна пробна работа. Имаше голем интерес, но немавме капацитет да ги задоволиме сите“, рече шефот на одделот за маркетинг на Reignwood Star, Лу Ганг.

Патувањето од Пекинг до Тианјин, во должина од 230 километри, со хеликоптер од типот Bell 429, чини 560 долари по лице, додека патувањето до приградската населба Јанџи чини 321 долари.

Се очекува Кина да прерасне во еден од најголемите пазари за мали воздухоплови во текот на следните пет години, со укинување на рестрикциите за летови на помали висини.