Возете Harley Davidson два месеца, заработете 25.000 евра и мотоцикл

17

harley davidson

Светски познатиот производител на мотоцикли, Harley Davidson, распиша интересен оглас, што ќе наиде на голем интерес кај вљубениците во милениците на две тркала.

Компанијата бара возач на мотоцикл, кој е подготвен со нивниот Street Glide да тргнат на двомесечно патување низ Европа. Сите трошоци на патувањето ќе бидат платени, а возачот ќе добие уште и 25.000 евра, како и Street Glide мотоциклот, што ќе го вози во текот на патувањето.

Од добитникот се очекува во мај да тргне на пат низ повеќе од 20 европски земји, барајќи ги најдобрите патишта за возење во Европа и ќе го споделува своето искуство преку социјалните медиуми и посебни интернет страници. Возачот на патувањето ќе започне по еден месец од подготвување и планирање, а на секој чекор ќе го следи професионален тим од сниматели.

Сите заинтересирани кандидати ќе може да се пријават на страницата на Harley Davidson, по што ќе мора да образложат зошто сметаат дека токму тие би требало да победат. Последен ден за пријавување е 20-ти март, а победникот ќе се знае во април. Сите кандидати ќе мора да имаат важечки пасош за Европската унија и активна возачка дозвола.