Возилата на Google Street View ќе мапираат истекување на гас во САД

119

 

car

 

Фото: Google Street View

Флотата на Google со години ги мапира градовите низ целиот свет, со што на патниците им ја прави полесна навигацијата. Сега возилата на Google Street View имаат нова одговорност, а таа е да бараат протекување на природен гас во урбаните средини во САД. Податоците не само што ќе им помогнат на градовите да ги заштитат своите жители од потенцијално истекување на гас, туку исто така ќе помогнат во намалувањето на емисиите на стакленички гасови, пишува Inhabitat.

Проектот е објавен во списанието Environmental Science and Technology, а на него соработуваат истражувачи од државниот Универзитет на Колорадо, Фондот за одбрана на животната средина и Google којшто на неговите возила поставува сензори за мерење на метан.

Автомобилите ќе бидат опремени со посебни инфрацрвени ласери кои што може да ја откријат количината на метан во околината во реално време.