Вработени во супермаркет земаат 1.076 пати помала плата од нивниот директор

21

Фото: Pixabay

Вработените во синџирот супермаркети Walmart добиваат во просек по 14,26 долари за еден час работа, додека извршниот директор на компанијата, Дагли МекМилон добива плата од 23,6 милиони долари, пишува британски The Guardian.

Неговата плата е дури 1.076 пати поголема од просечната заработка на обичен вработен, со што е најплатен во американската сојузна држава Арканзас, каде што е сместено седиштето на Walmart.

Поранешниот демократски претседателски кандидат Берни Сандерс, најави дека ќе побара зголемување на платата за 2,2 милиони вработени во Walmart. Тој веќе подолго време го критикува менаџментот на синџирот на супермаркети, поради условите за работа.