Вработените на Аеродром Загреб најавија штрајк за утре, откажан летот кон Скопје

22

zlzКоординацијата на синдикатите на Аеродром Загреб најави дека ќе штрајкува, откако е прекината постапката за мирење со Управата. Штрајкот ќе се одржи во три фази, а првата започнува во четврток, 21 ноември, во 10 часот и ќе трае до полноќ.

Како причини за ваквата одлука, Координацијата ги истакнува наводното неспроведување на одредбата од Законот за труд и Колективниот договор на работодавецот Аеродром Загреб и поврзаните друштва, незадоволувачките постапки на надлежното министерство за море, сообраќај и инфраструктура, наводната намера за непридржување до законот и договорот од страна на давачот на концесија и концесионерот, Владата на РХ и францускиот конзорциум ZAIK, јавува ХРТ.

Управата на Аеродром Загреб смета дека штрајкот е неоправдан. За развојот на настаните, јавноста ќе биде известувана преку соопштенија на официјалната интернет страница www.zagreb-airport.hr, во координација со авиопревозниците. Croatia Airlines го објави редот на летање со промените за утре, од каде се гледа дека летот OU 366 од Загреб за Скопје е откажан.

http://www.croatiaairlines.com/hr/Strajk-djelatnika-Zracne-luke-Zagreb/