Вработените на Sharp ќе купуваат сопствени производи да ѝ помогнат на компанијата

51

sharp-logo

Јапонската компанија Sharp најпрво ги намали платите на своите вработени, а потоа донесе одлука вработените во следните три месеци да купуваат нивни производи, пишува Financial times.

До крајот на јануари, вработените во највисокото ниво на менаџмент во Sharp ќе мора да потрошат околу 1.600 долари на нивните производи, додека оние од средното ниво на менаџмент мора да одвојат по околу 800 долари за купување на телевизори, бела техника и други производи од Sharp. Вработените во продажниот сектор на Sharp ќе мора да купат производи во износ од околу 400 долари.

Оваа одлука има за цел да ја поттикне продажбата на јапонската технолошка компанија, којашто се соочува со финансиски проблеми. Од компанијата велат дека ова е на доброволна база и компанијата многу често спроведува интерни продажни промоции наменети за своите вработени.

Sharp во првото полугодие од оваа година оствари загуба од 678 милиони долари, а веќе се отпуштени голем број на вработени.