Вработените во Алкалоид собраа над 750.000 денари кои ќе бидат донирани во Црвениот крст

21

alkaloid

Вработените во фармацевтската компанија Алкалоид, нивните семејства и пријатели, донираа над 750.000 денари во Фондацијата Трајче Мукаетов, преку купување на специјално дизајнирана маичка, рече денеска генералниот директор на компанијата, Живко Мукаетов.

Собраните средства од петтиот хуманитарен пикник, ќе бидат донирани во Црвениот крст на Македонија.

Според Мукаетов, Алкалоид на овој начин уште еднаш покажа дека е општествено одговорна компанија, која се труди да помогне онаму каде што е неопходна помош.

Сузана Тунева Пауновска од Црвениот крст истакна дека за нив претставува посебна чест и гордост зад нивната хумана мисија да ја имаат компанијата Алкалоид.

Минатата година, на четвртиот хуманитарен пикник на Алкалоид беа собрани над половина милион денари, коишто беа донирани на Клиниката за детски болести.