Вработените во OKTA донираа по повод Светскиот Ден за борба против гладта

447

По повод 16 октомври, светскиот ден за борба против гладта, вработените од компанијата ОКТА доброволно се откажаа од своите купони за храна, и собраните средства ги подарија на Црвениот Крст на Скопје, со цел да им помогнат на најсиромашните семејства кои се соочуваат со проблем од обезбедување на основните потреби за живот. Оваа година во акцијата се вклучија поголемиот дел од вработените во компанијата и собрани се средства во вкупна вредност од околу 67.000 денари.

Станува збор за хуманитарна акција која вработените на ОКТА ја реализираа и минатата година и полека станува традиција.

“Целта на оваа акција е развивање на свеста на вработениот дека секој може да даде свој личен придонес во создавањето на подобар свет. Не можеме да правиме големи нешта, но ако малите ги правиме со голема љубов, ќе успееме. Големиот одзив на вработените е најдобар доказ дека ние успеавме, покажавме дека сеуште постои хуманост и солидарност меѓу нас. Се надеваме дека оваа добротворна акција ќе влијае во подигнувањето на јавната свест за гладните лица и ќе претставува поттик за општествено одговорно однесување и за останатите вработени, компании и заедницата во целост”, изјави г-ѓа Радојка Хелман Денковска, менаџер за развој и корпоративна општествена одговорност во ОКТА.

ОКТА континуирано се труди да вложува во локалната заедница и да ја докажува својата општествена одговорност. Оваа акција е само еден од низата чекори кои ги презема ОКТА за обезбедување подобри животни услови и посигурна иднина на своите граѓани.