Вработените во словенечко – хрватскиот старт-ап Bellabeat летово ќе работат на плажа на Канарските острови

18

10917450_1557540107822254_5209998064045292067_n

Словенечко – хрватскиот стартап Bellabeat закупи луксузни вили со базени на Канарските острови, а секој член од тимот може со себе да го земе семејството и партнерот и да остане таму колку сака. Работното време е флексибилно и секој вработен може да одреди кога, колку и каде ќе работи. Еден од двајцата основачи, хрватскиот математичар Сандро Мур вели дека на овој потег се одлучил затоа што понекогаш треба да се сменат правилата на игра.

“Од секогаш сум сакал да направам вакво нешто. Неколку пати сум видел како сопственици на некои компании одат на егзотични дестинации. Секако, сакам и јас, но поради постојаната работа во компанијата, не би било фер кон тимот. Затоа одлучивме да одиме или сите или никој. Bellabeat има канцеларија во Загреб и летните горештини се неподносливи, а летните месеци и онака се непродуктивни, па одлучивме да се преселиме на Канарските острови”, вели Мур, пишува Јутарњи лист.

Bellabeat е старт-ап што пред три години го основаа Мур и словенечката уметница Уршка Сршен, а се занимава со креирање на паметни уреди што им помагаат на жените во следење на квалитетот на живот и здравјето во различни фази од животот. Bellabeat е заслужен за првиот масовно популарен уред за жени Leaf и системот Bellabeat, којшто ја следи бременоста на жените.