Вработените во Т – Мобиле и Македонски Телеком ќе им донесат радост на над 2.000 деца низ Македонија

61

100_2206

Фондацијата Т – Мобиле за Македонија традиционално веќе 13 години по ред ќе организира хуманитарен Новогодишен карван за најранливите групи на деца. Караванот ќе ги посети дечињата без родители, децата со посебни потреби, со оштетен слух и вид, децата со телесен инвалидитет и децата од социјално загрозени семејства за кои специјално ќе биде организирана новогодишна претстава и ќе им се поделат пакетчињата.

“Крајот на годината за нас секогаш значи посета на најранливите категории на дечиња низ Македонија и незаборавно дружење со нив. Овој период е карактеристичен по дарувањето, споделувањето на добрата мисла и новогодишните желби, па затоа сакаме да се свртиме кон оние дечиња на кои вниманието и љубовта им е најмногу потребна и да се обидеме барем за момент да им измамиме топла насмевка“, велат волонтерите.

Караванот го реализираат волонтери, вработени во Т – Мобиле и Македонски Телеком. Оваа година од 17 до 30 декември, волонтерите ќе посетат над 2.000 деца низ Македонија. Секоја година се посетуваат различни установи, за да се опфатат што повеќе деца, но целта останува иста – да се даде таму каде што е најпотребно.

Новогодишниот карван ќе ги посети: СОС Детското село, ПОУ Маца Овчарова – Велес, ПОУ Златен Сремец и ПОУ Иднина во Скопје, Здружението за деца со аутизам Во мојот свет, ПОУ Свети Климент Охридски во Ново Село, Детската хирургија, Детската болница во Козле, Дневниот центар за деца со посебни потреби од Прилеп, Одделенијата за детски болести во Градските болници во Прилеп, Битола, Штип, Велес, Струмица, Охрид, Дневниот центар за деца со церебрална парализа во Железара, Децата во интернат при основното училиште Гоце Делчев во Љубанци, Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов и децата од предучилишна возраст во Скопје и Детскиот дом 11 Октомври во Скопје, Заводот за деца со оштетен Слух Kочо Рацин и Заводот за рехабилитација на говор, глас и звук во Битола, Дневните центри за деца на улица во Шуто Оризари, Автокоманда и Кисела Вода, Здружението Сумнал, деца на самохрани родители членови на Минус и Плус, Домот за деца со воспитно – социјални проблеми 25 мај во Скопје, Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево, децата жртви на семејно насилство и децата во интернат при ОУ Христијан Тодоровски Карпош во Куманово, децата со посебни потреби во градинката, во ОУ Лирија и Андреја Савески – Кикиш во Тетово, децата со посебни потреби во Дебар, Државно средно училиште за глуви Партение Зографски, децата во паралелки за деца со посебни потреби  во Кавадарци, детскиот оддел на болницата Свети Еразмо во Охрид, децата згрижени во дом семејства во Скопје, здружението Ластовица и децата кои го посетуваат Заводот за рехабилитација на говор, звук и глас во Скопје.