Враќањето во канцеларија доведе до бум во фитнес индустријата

74

За време на долгиот период на карантин, кога работа  од далечина зема замав низ целиот свет, повеќето од  работниците работеа секој ден во тренерки или пижами. 

Bloomberg пишува дека Американците сега масовно се свртуваат кон вежбање и теретана, затоа што се ближ враќање во канцеларија. Бројот на уплатени членарина на фитнес-локациите во Соединетите Држави расте, а букирани се и личните тренери.

Некои прелиминарни студии за пандемијата откриваат намалена активност и помал внес на здрава храна, како и зголемен стрес и дебелина. Кон крајот на мај, 12% од вработените во Менхетен се вратија на работа барем со скратено работно време, според јунското истражување на групацијата Partnership for New York City.

Анкетираните компании очекуваат таа бројка да достигне 62% до крајот на септември.

Фото: Pixabay