Вредноста на американските златни резерви надмина трилион долари

Вредноста на златните резерви на американското Министерство за финансии денес надмина еден трилион долари поради рекордниот раст на цената на овој скапоцен метал.

Цените на златото скокнаа во текот на денот на повеќе од 3.824 долари за унца, што претставува зголемување од 45 проценти од почетокот на годината, објавува Блумберг.

Зголемувањето на цените на златото беше поттикнато од инвеститорите кои бараа безбедно засолниште во услови на трговски војни, геополитички тензии и стравувања од можен финансиски колапс во Соединетите Американски Држави.