Вредноста на Apple падна под 2 трилиони долари

98

Пазарната капитализација на Apple веќе некое време паѓа, а по вчерашното тргување на берзата, цената на акциите на производителот на iPhone забележа нов пад што ја доведе вкупната вредност на компанијата под 2 трилиони долари. Така, Apple се приклучи на негативниот тренд во ограничениот клуб на компании со пазарна вредност од над 2 милијарди долари, од кој минатата година „испаднаа“ Microsoft и Saudi Aramco.

Минатата година во исто време, Apple тргуваше по пазарна вредност од 3 трилиони долари.

Падот на вредноста на Apple доаѓа откако бројни аналитичари од Волстрит изразија загриженост за зголемените проблеми со производствените капацитети во Кина, особено кога станува збор за најскапите модели на паметни телефони iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max.

Според Bloomberg, Apple веќе предупредил некои од добавувачите на компоненти за своите уреди дека е неопходно дополнително да се намали производството поради се послабата побарувачка на пазарот.