Вредноста на барел нафта од типот Брент падна на околу 100 долари

86

Цените на нафтата паднаа во средата на меѓународните пазари на околу 103 долари под притисок на стравувањата од рецесија која би ја намалила побарувачката на енергетски производи, а пад на вредноста се бележи и денеска.

Цената на барел нафта од типот Брент во моментов е 100,4 долари, додека вредноста на нафтата од Тексас WTI е 98,21 долари, според OilPrice.com.

Пазарите се вознемирени од загриженоста за можна рецесија, а дополнително ги кочи и зајакнувањето на доларот, што ја намалува и побарувачката бидејќи ја ограничува куповната моќ на клиентите со други валути, пишува агенцијата Мина.

„Движењето на цените преку ноќ и нивното осцилирање на фјучерс договорите на лондонскиот и американскиот пазар во опсег од речиси 15 долари е повеќе знак на паника и присилна ликвидација (позиции) отколку на структурни промени во односот меѓу понудата и побарувачката во светот “, вели Џефри Хали од корпорацијата ОАНДА.