На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути стагнира на најниско ниво во последните три недели. Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 105,05 поени, колку што беше и вчера во овој момент.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 161,40 на 161,10 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0815 долари, додека вчера во ова време беше 1,0795 долари.
Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово се намали за 0,35 отсто, на 87,10 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,21 отсто, на 83,70 долари.