
Сезонски и календарски прилагодената вредност на германскиот извоз за октомври изнесува 131,3 милијарди евра, што претставува зголемување од 0,1 процент во споредба со претходниот месец и највисока бројка за шест месеци, според резултатите на Сојузниот завод за статистика на земјата (Дестатис) објавени денес.
Вредноста на германскиот увоз за октомври изнесува 114,5 милијарди евра, што е за 1,2 проценти помалку отколку во септември, што значи дека Германија забележа октомвриски суфицит во надворешната трговија од 16,9 милијарди евра.
Во октомври, Германија извезе стоки во Европската унија за 76,3 милијарди евра, што е за 2,7 проценти повеќе отколку во септември, а увозот од земјите на ЕУ се зголеми за 2,8 проценти, на 61,1 милијарда евра.











