Вредноста на нафтата е под 95 долари

26

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 95 долари  под притисок од стравот од рецесија што  ја зголеми загриженоста за побарувачката.

Во моментов цената на нафтата на лондонскиот пазар е 94,38 долари, додека барелот на американскиот пазар се тргува по 89,30 долари, објави веб-страницата OilPrice.

Трговците во вторникот беа загрижени и за песимистичките прогнози за светската економија, пренесува SEEbiz.

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас и директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, во понеделникот предупредија на зголемен ризик од глобална рецесија.