Вредноста на нафтата на меѓународните пазари е близу 85 долари

51

Цените на нафтата се искачија над 85 долари на меѓународните пазари во вторникот, бидејќи инвеститорите се надеваа дека Кина може да ги олесни строгите мерки за спречување на вирусот Ковид-19 по протестите.

Сепак, денес и лондонскиот и американскиот пазар бележат пад. Според податоците објавени на веб-страницата OilPrice, суровата нафта Брент моментално се тргува по 84,84 долари, додека вредноста на барел тексашка нафта WTI е 79,96 долари.

Инвеститорите внимателно ги следат потезите на Кина во однос на мерките за сузбивање на корона вирусот, бидејќи токму тие ја кочат економската активност и побарувачката на енергија.

Кинеските здравствени власти во вторникот најавија забрзана вакцинација на постарите граѓани за да се отстрани клучната пречка за олеснување на непопуларната политика на нулта толеранција на вирусот Ковид-19, објави SEEbiz.