Вредноста на нафтата на меѓународните пазари е над 93 долари

98

Цените на нафтата се искачија над 93 долари во петокот, поттикнати од надежите дека ублажените мерки за коронавирусот во Кина ќе ги поддржат трошоците што ги засенија стравувањата од економско забавување поради зголемените каматни стапки во Соединетите Американски Држави (САД).

На лондонскиот пазар цената на барелот изнесува 93,50 долари. Во Њујорк барелот се тргуваше по  цена од 85,05 долари.

Bloomberg News во четвртокот објави дека Пекинг размислува да го скрати карантинот за странските посетители од десет на седум дена. Пекинг се уште официјално не потврдил дека ќе го стори тоа.

„Силната реакција на пазарот на објавувањето на тој извештај ни даде корисна идеја за тоа што можеме да очекуваме по укинувањето на строгите ограничувања“, рече аналитичарот на PVM, Стивен Бренок.

Кина, најголемиот увозник на сурова нафта во светот, и оваа година прибегнува кон строги мерки за сузбивање на Ковид-19, што во голема мера ги оптоварува деловните и економските активности и ја намали побарувачката за гориво.