
Вредноста на унца злато оваа недела достигна рекордни 2.324 долари.
За нешто повеќе од три месеци од годинава златото поскапе исто како и цела минатата година – 13 отсто.
Централните банки се многу активни на куповната страна. На пример, Народната банка на Кина минатата година купи 225 тони злато, кое моментално вреди добри 18 милијарди долари. Но, и шпекулантите купуваат сè повеќе злато.













