Време е за селидба? Како да се преселите без многу стрес

377

Дали си купивте нов стан, се селите од една во друга куќа или во друга канцеларија? Ако одговорот е потврден сигурно се соочувате со нов почеток, но и многу стрес како ќе ја организирате целата селидба.

Добро испланирајте сè

Добриот план ја прави селидбата пола завршена. Тоа значи дека треба добро да се организирате и целиот процес многу полесно ќе го поминете. Најбитно е да размислите како ќе се спакувате, да го организирате превозот и логистиката што се повеќе од неопходни во процесот на селење.

Пакување – распакување

Изворот на стрес е целото пакување и распакување на сите предмети. Набавете кутии (картонски или пластични – транспарентни), маркер, ножици, хартија за завиткување на кршливи предмети, лепливи траки… Сите овие ситници се потребни за да можете добро да се организира целата селидба. Селектирајте ги предметите според нивната намена, материјал од којшто се изработени или големина. Не заборавајте добро да ги завиткате за да не се искршат или оштетат при транспорт, а на крајот кутијата убаво да ја бандажирате и одозгора да пишете што има внатре.

Што да направите со предметите што не сакате да ги задржите

Доколку имате вишок предмети што на новото работно или место за живеење нема да ви бидат потребни, немојте веднаш да помислите да ги фрлите. Подарете ги на ваши блиски или огласете ги за продажба. Освен тоа, на социјалните мрежи постојат многу начини да исконтактирате со луѓе или организации на кои можете да ги донирате предметите што вам ви се вишок, а некому добро би му дошле.

Фото: Freepik