Времето е живот!

88

vreme

Фото: Pixabay

Зошто, покрај сето знаење и сета технологија, доаѓаме во ситуација да се запрашаме “зошто се чувствувам како да не можам да стигнам да направам се што треба?”

Има два типа на време – време според часовникот и реално време. Времето според часовник е за сите исто. Една минута има 60 секунди, еден час има 60 минути. Реалното време е релативно – или лета или минува бавно. Ние живееме во реално време. Добрата вест е што реалното време е ментална состојба, самите го креираме. Се што ќе креираме, може да го менаџираме.

А што значи менаџирање на време? Во бизнис контекст, управување со времето се однесува на развојот на процеси и алатки кои ја зголемуваат ефикасноста и продуктивноста. Во контекст на приватно време, тоа значи управување со нашето време за да потрошиме помалку време на работите кои мораме да ги правиме, за да имаме повеќе време да го правиме тоа што сакаме да го правиме.

Затоа, управувањето со време често се смета како збир на вештини за управување. Во теорија, ако ги совладаме вештините за управување со времето, ќе бидеме поорганизирани, поефикасни и посреќни. А тоа е така, затоа што времето не е ништо друго, туку – живот.

Што се опфаќа тајм менаџментот? Планирање, поставување цели, делегирање, анализа на потрошеното време, мониторинг, организирање, приоретизирање.

Колку добро вие го менаџирате вашето време? Ако сте како повеќето бизнисмени, тогаш сигурно се префрлувате од задача на задача обидувајќи се да го “фатите” рокот, работите прекувремено или си ја носите работата дома. Но, понекогаш притисокот станува неподнослив и ви ја црпи целата енергија што ви е потребна за да бидете продуктивни. Ако сте како повеќето бизнисмени/сопственици, тогаш сигурно правите некои од следните грешки:

Грешка бр.1: Се обидувате да меморирате на памет премногу работи – Вообичаена грешка е кога се обидувате да ги запомните сите нешта што треба да ги направите и сите места на кои треба да се појавите.

Грешка бр.2: Преминувате на извршување на она што следно ќе ви падне напамет – Кога ќе завршите одредена задача, како одлучувате што следно да направите?

Грешка бр.3: Не посветувате доволно време на вашите најголеми приоритети – Ако сфатите дека најголемиот дел од денот сте зафатени, но сепак не успевате да ги завршите работите кои ви се навистина важни, тогаш можно е да посветувате премногу време на работи кои се помалку приоритетни.

Грешка бр.4: Ги завршувате многу ефикасно работите кои воопшто не мора да ги завршите – Според консултантите за топ менаџмент, ова е еден од најлошите начини да го потрошите вашето време, особено кога не сте ни свесни дека го правите тоа.

Грешка бр. 5: Лошо планирање – Веројатно сте ја чуле изреката „Ако неуспешно планирате, планирате да не успеете“. Лошото планирање е една од главните причини поради кои пропаѓаат проекти, доцнат или ги пробиваат роковите. Недоволното планирање води кон несоодветна подготовка, неочекувани проблеми и лошо извршување на планираното.

Грешка бр.6: Работење во неорганизирана работна средина која одвлекува внимание – Иако можеби немате премногу контрола врз вашата работна средина, постојат нешта кои можете да ги направите за да ги отстраните нештата кои ви го одвлекуваат вниманието и нередот од вашето биро.

Грешка бр.7: Се обидувате да направите премногу – Во управувањето со времето, зборот ‘overload’  (преоптоварен) означува состојба кога имате премногу работа; повеќе работа од што можете нормално да извршите. Преоптовареноста може да биде резултат на надворешни фактори како што е краток краен рок, оставка на соработник или голема криза, но честопати и сами ја предизвикуваме.

Грешка бр.8: Секогаш велите ДА – Велењето ДА на барања кои одземаат од вашето време не е секогаш лоша практика. Всушност, колку подобро го менаџирате вашето време и проекти, толку поверојатно е дека ќе ве одберат да решавате важни задачи кои треба да бидат завршени брзо, квалитетно и грижливо.

Грешка бр.9: Не ги менаџирате вашите приливи – Управувањето со работниот тек е еден од аспектите на познавање на работата на кои традиционалните форми на управување со времето не успеале адекватно да се осврнат.

Грешка бр.10: Мешање на активноста со продуктивноста – Оваа последна грешка обично е резултат на несогласување помеѓу пониските тактички нивоа на управување со времето и постратешките нивоа каде што целите, визијата и намената влегуваат во игра.

Сакате да ги избегнете овие грешки и да бидете поуспешни? Тогаш мора да ги знаете навиките на успешните луѓе:

Биди проактивен

Почни со крајот на умот

Првите работи први

Мисли win-win

Прво обиди се да разбереш, па барај да бидеш разбран

Синергија

Наостри го сечилото

Време е да престанете со било каква самосаботажа или самоограничување, користејќи ги изговорите “немам време”, или “денес не е вистинското време” за да започнете бизнис или да управувате правилно со бизнисот. Само сетете се што значи времето – времето е живот, управувајте со својот живот!